Околу 1.000 бебиња, кои се родени од сурогат мајки во Русија за странски парови, останале во таа земја поради пандемија на коронарен вирус и затворање на границите, пишува „Гардијан“.

Бебињата, од кои некои се родени во февруари, сега се во рацете на дадилките во изнајмени станови во Москва, Санкт Петербург и во други руски градови.

Затворањето на границите дополнително ги оптоварува сурогат мајките, кои обично им ги предаваат бебињата на своите биолошки родители во рок од неколку дена од раѓањето. Од некои од нив сега е побарана дополнителна грижа.

Родителите очајнички се обидуваат да дојдат до своите деца и да избегнат целосно да бидат отсечени од нив, затоа што контроверзната кривична истрага против лекарите шири страв во индустријата за сурогат мајчинство, што е легална во Русија.

Ова е ургентен проблем, рече Ирина Киркора, заменик шеф на Советодавното тело на Кремљ за човекови права.

Киркора процени дека можеби имало 1000 раѓања од февруари, врз основа на податоците од клиниките кои се занимаваат со овој вид сурогат мајчинство во Русија. Вработените во една компанија во Санкт Петербург проценуваат дека тој број бил најмалку 600.

Овие се деца што растат секој ден и на кои им требаат родители, рече таа.

Платеното сурогат мајчинство е дозволено во само неколку земји низ целиот свет, вклучувајќи ги Русија, Украина, Грузија и некои држави од САД.

Откривањето на десетици бебиња во украинската клиника за сурогат мајчинство во мај го привлече вниманието на јавноста околу овој проблем: што да се прави со така родените бебиња во услови на Ковид-19.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *