Колона од околу 4.000 возила долга повеќе од 20 километри беше формирана на граничниот премин Какавија во јужна Албанија, бидејќи на почетокот на неделата беа најавени новите мерки што ќе ги воведе Грција.

Илјадници Албанци кои работат во Грција беа запрени во петокот на границата меѓу двете земји обидувајќи се да ја преминат, пред да стапат во сила обврските за поседување негативниот резултат на тестот за Ковид-19.

Според најновата одлука од 16 август, во Грција од Албанија ќе можат да влезат најмногу 750 луѓе на ден. Тие ќе мора да имаат негативен резултат на тестот на Ковид-19 кој не смее да биде постар од 72 часа и на крајот на целата процедура треба да поминат седум дена во изолација.

Грција ги воведе овие нови правила по брзото зголемување на бројот на заразени.

Некои чекаат на границата веќе три дена, изјави шефот на локалната полиција, додавајќи дека „грчките медицински тимови работат со намален број луѓе“ и дека граничниот премин бил затворен во текот на ноќта.

Според старите правила кои важат до 16 август, Албанците кои влегуваат во Грција се тестираат за ковид 19 на самата границата, но при влез во земјата мора да ги остават своите податоци за да можат да ги контактираат во случај да бидат позитивни на вирусот корона.

Илјадници Албанци работат во Грција, пред се во земјоделството. Во текот на летото, тие се враќаат во татковината каде го поминуваат одморот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *