Заедно со белорускиот опозициски новинар, поради што се крена голема прашина во светот, беше уапсена и Софија Сапега. Проблемот е во тоа што таа е руска државјанка.

Да потсетиме, Роман Проташевич беше уапсен откако претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди лично испраќање на авионите миг-29, за да го принудат да слета во Минск ирскиот авион на компанијата Рајанер, кој леташе од Грција кон Литванија. Тој авион принудно слета во Минск.

Скоро сите водечки западни земји го обвинија Лукашенко за овој чин, а голем број земји издадоа изјави во кои се наведува дека ги советувале своите авиокомпании да го заобиколат воздушниот простор на Белорусија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така оцени дека присилното слетување на патнички авион во Минск едржавно киднапирање и побара итна истрага и ослободување на опозицискиот новинар.

Само една земја застана зад Лукашенко, а тоа Русија.

Но, сега се појави „мал проблем“. Софија Сапега, руска државјанка, исто така беше уапсена заедно со Проташевич. Тоа е сосема доволно за да се постави прашањето што ќе стори Москва.

По тој повод се појави руското државно обвинителство, најавувајќи дека Москва ќе ги заштити правата на својата државјанка доколку е тоа потребно. Се разбира, доколку зборуваме за руски државјанин, ако се загрозени правата на нашите граѓани, Русија ќе стори се за да ги заштити, рече заменик државниот обвинител.