Репрезентацијата на Македонија предводена од Данило Брестовац има ултиматум да го победи Чиле во последното коло од групната фаза на Мундијалот во Египет. Само триумф нè води на посакуваното место, па мора да се даде сè од себе.

Натпреварот пред празните трибини на „Каиро Стадиум“ ќе започне за нешто помалку од еден час, а селекторот Брестовац го достави списокот на ракометари до ИХФ. Во тимот има само една промена и на местото на Дарко Георгиевски во протоколот се најде Горан Крстевски.

Прашање е што по два порази и дали имаме можност да се вратиме психички по такви тешки порази. Дали ќе проработи во нас она што го немаме на овој турнир а тоа е желбата за престиж , за докажување

По првите два дуела можевме да заклучиме дека нашите повеќе наликуваа на маалски тим отколку на тим учесник на еден ваков турнир.