Виетнам денес прогласил двонеделен карантин во Да Нанг, во третиот град по големина во земјата, откако биле откриени уште 15 случаи на коронавирус, соопштила владата.

Заразени се неколку пациенти и здравствени работници во болниците. 

Јавниот превоз во град е моментално укинат.

Во текот на викендот за илјадници, во главно виетнамски туристи, завршил одморот во тоа популарно летувалиште на брегот.

Властите процениле дека неколку стотици луѓе поради откажаниот превоз биле заробени во Да Нанг и ги замолиле хотелите да им пружат сместување.

Во недела владата наредила да се затворат сите претпријатија кои не вршат неопходно работи и побарала од луѓето да држат физичка дистанца во градот кој брои повеќе од милион жители.

Виетнам уште не ги отворил границите за туристи.


Напишете коментар