Откриени се доверливи информации за договорот меѓу Слободан Милошевиќ и поранешниот претседател на Македонија.

Slobodan Milošević

Горан Пајиќ, поранешниот телохранител на Слободан Милошевиќ, презентираше информации за напорите на Македонија да остане дел од Југославија, за кои нашата јавност досега не знаеше.

Според неговите тврдења во гостувањето на ТВ Хепи, претседателот на Македонија во времето на распадот на СФРЈ, Киро Глигоров, се согласил со Слободан Милошевиќ дека Македонија ќе биде дел од новата Југославија.

“Кога беше извршен атентатот врз Киро Глигоров во 1995 година, тој претходно беше на таен состанок во Белград со Слободан Милошевиќ и тие се согласија дека Македонија ќе биде дел од новата Југославија. “Ваквите работи се решаваат во дел од секундата “, рече Пајиќ, кој беше 10 години во единицата за безбедност на Слободан Милошевиќ, во емисијата„ Добро утро Србија “со Јована Јеремиќ.

Тие двајца речиси ги договорија сите детали . Главен град остануваше Белград . Киро Глигоров беше задоволен по средбата но видно растревожен . Причината не можам да ја знам но сепак сигурно имаше тензични преговори.

Goran Pajić, telohranitelj, Slobodan Milošević,

Да не беше атентатот на Киро Глигоров по кој што многу работи се сменија , Македонија ќе беше дел од Југославија најмалку уште 5 години .