Русија, Индија и Иран работан на нов “Суецки канал” во должина од 7.500 километри. Тој би почнувал од Индија, преку Каспиското Море, Москва, Санкт Петербург и би завршувал во најголемото германско пристаниште Хамбург.

Дали е тоа закана за стариот Суецки канал? Експертите велат: Да!

Идејата за овој проект, кој има многу поголем капацитет од стариот пат на свилата, започнува во 2000-та година кога Москва, Техеран и Њу Делхи потпишаа договор за транспортен коридор во должина од 7.500 километри за транспорт на стока од Индија и Иран кон Русија и Европа и обратно.

Во рамки на проектот се планира изградба на огромен канал во должина од 765 км од Каспиското Море до бреговите на Индискиот Океан. Неговата цена би изнесувала меѓу шест и десет милијарди долари.

Кога ќе биде активен коридорот времето на транзит на стоките од Индија до Русија би се намалило од сегашните 38 дена на 14 до 16 дена.

Индискиот експерт за одбрамбени и стратегиски работи, Шишир Упадхјаја проценува дека долгоочекуваниот трговски коридор Индија-Иран-Русија не само што ќе ја подобри трговијата меѓу народите, туку значајно ќе помогне да се намали влијанието на САД во тој клучен регион за светската политика.

Со новата рута треба да се скрати времето за транзит помеѓу Русија и Индија за 62 проценти, а обемот на трговија меѓу Москва и Њу Делхи да се зголеми од 11 милијарди долари во 2019 година на 30 милијарди долари до 2025 година.

Опасноста од овој проект го отвори прашањето за иднината на Суецкиот канал.
Во последниве години се појави идејата за проширување на каналот. Новиот канал ќе им овозможи на бродовите да пловат во двата правци истовремено, со што ќе се намали времето за транзит од 18 на 11 часа за повеќето бродови. Со проширувањето се очекува да го удвои капацитетот на Суецкиот канал од 49 на 97 бродови на ден.

Од друга страна, на Соединетите држави им е потребен Суецкиот канал за транспорт на трупите и воената опрема во Авганистан.

Суверенитетот над каналот значи безбедност на Синајскиот полуостров, или таканаречената Источна порта која е главната стратегиска точка на Блискиот Исток, и која обозможува контрола врз богатите нафтени полиња.


Напишете коментар