Индија објави дека станала држава во светот која најбрзо вакцинираше повеќе од 100 милиони луѓе против коронавирусот, објави Би-Би-Си.

Земјата го постигна тоа во рок од 85 дена, додека на САД им требаа 89, а на Кина 102 дена да достигнат ист број вакцинации. Тоа го објави индиското Министерство за здравство во фонот на зголемениот број на заразени во вториот бран на Ковид-19 во таа држава.

Денес во Индија имало рекордно нов број на позитивни тестови за повеќе од 150 000 луѓе и има повеќе од 800 нови смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата во Индија, има повеќе од 12 милиони заразени од Ковид-19 и 167 илјади смртни случаи кои се потврдени. Оваа држава има најмногу инфекции со коронавирус во светот по САД и Бразил.

Целта на кампањата за имунизација е да се вакцинираат 250 милиони луѓе до јули.

Во моментов има две одобрени вакцини – вакцината АстраЗенека и вакцина изработена од индиска фармацевтска компанија.