Сподели

Социјалната мрежа Инстаграм ja цензурираше последната објава на поп-пејачката Мадона, бидејќи станува збор за видео во кое се наведуваат лажни тврдења за коронавирусот.

Поточно објави видео од извесна Стела Имануел, која неодамна изјави дека не се потребни ниту маски ниту целосно затворање на градовите во борбата против сегашната пандемија. Заедно со ова видео, пејачката напиша и дека вакцината е достапна со месеци, но се држи во тајност за богатите уште повеќе да се збогатат, а сиромашните и болните да бидат уште поболни.


Сподели