Во моментов го следат повеќе од 13.200 луѓе на Инстаграм

Ја објавивме веста дека Цеца Ражнатовиќ (47) има ново момче и дека станува збор за Богдан Срејовиќ (38) во среда, на 13 јануари, во попладневните часови.

Во тој момент, Богдан го следеа нешто повеќе од 5.000 луѓе на Инстаграм, а потоа се случи „бум“.

Имено, за помалку од 48 часа, од моментот на објавување на веста за нивната врска до моментот на објавување на овој текст, Срејовиќ го следеа повеќе од 7.000 луѓе.

Во моментов, на Инстаграм го следат нешто повеќе од 13.200 луѓе.

Таткото на Богдан проговори вчера, и како што рече – за односот меѓу неговиот син и фолк звездата дознал од медиумите.

– Вчера дознав од медиумите дека мојот Богдан се забавува со Цеца. Не ми го спомна тоа претходно, кога последен пат се слушнавме, ми рече дека ќе видиме и ќе разговараме наскоро. Требаше да дојде дома за Божиќ, но беше нешто спречен – изјави поранешниот атлетски шампион вчера