Според оваа мапа најгорди можат да бидат жителите на неколку афрички држави.

Интернет страната Тергет Мап, објави карта на светот на која се прикажува просечната величина на машкиот полов орган за време на ерекција на жителите на сите држави во светот.

На картата, државите обоени со црвена боја означуваат каде живеат мажи со најголем полов оргран, протокаловата боја означува држави каде живеат луѓе кои се на второто место по големина на половиот орган, жолтата боја означува држави каде мажите имаат просечна големина, додека светло зелените држави кажуваат каде е под просечната големина а зелената боја ги означува државите каде е најмала големината на половиот орган на посилниот пол во светот.

И додека според неодамнешното истражување од страна на уролошкото здружение во Британија „British Journal of Urology International“ просечната величина на пенисот за време на ерекција е 13.2 цм, во афричките држави Ганија, Конго, Габона просекот е 16 цм.

Веднаш позади Африка на листата доаѓа Австралија со просечна величина од 14,7cm, а во тоа друштво влегува и Мексико, Норвешка, Италија, Унгарија и Шведска.

Нашата држава се наоѓа на златна средина, а според мапата нашите жители имаат полов орган со просечна големина од 13,8 цм до 14,8 цм.

Според мапата, во нашата група спаѓаат и жителите на САД, Франција, Германија и Велика Британија со величина од 12,9 цм до 14,7 цм, додека Русите имаат помала просечна граница од нас со величина од 10,5 цм до 12,9 цм, а во таа група припаѓаат Јапонија и Бразил.

На самото дно се наоѓаат Индија, Тајланд и Јужна Кореја, со просечна големина измеѓу 9,3 цм и 10,5 цм.

Татгер мап објави и мапа каде ја споредува големината на градите кај понежниот пол ширум светот, а според неа најголеми гради имаат жените во Русија, Шведска, Норвешка и Финска додека жени со најмали гради имаат жителките на Африка и Азија.