Опозицијата денес поднесе интерпелација против вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

Според опозицијата, Димитров во два наврати ги одбил поканите да присуствува на седница на Комисијата за надворешна политика во врска со македонско-бугарските односи.

Пред два месеци мегафонот на тодор живковистичката Бугарија, сопственикот на БГНЕС, Љупчо Нешков, го означи Никола Димитров како поопасен од корона вирус за односите меѓу Македонија и Бугарија.

Таму си има конкретен виновник за тоа што се случи за почетокот на преговорите, а тоа е поранешниот министер за надворешни работи или сега министер за евроинтеграции Никола Димитров кој брутално почна да ги саботира меѓусебните односи, вели Нешков.

Според Нешков, убаво би било македонскиот премиер да се замисли за резултатите од неговата дипломатска мисија и резултатите од неа.

Потоа следуваше настапот на популарниот “Рексона” или потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски, кој накљукан со полуинформации од параполициските структури на паертијата, во своето телевизиско гостување зборуваше за раскол во владата меѓу Димитров и Заев, со една супер интелигентна експликација дека Димитров меѓу новинарите го оговарал Заев.

Дали “Рексона” одработува за параполициските структури во државата и во параразузнавачкото подземје на тодор живковистичката Бугарија ќе треба да покаже некоја дополнителна анализа, но останува фактот дека тој веќе долго време е фокусиран, што лично што преку медиумите кои ги кљука со пари од маслинките, токму на Димитров.

Димитров самата интерпелација и спиновите за внатрешен раскол во владата ги оцени како директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот.

Од СДСМ потсетуваат дека нтерпелација за Димитров имаше и минатата година. Тогаш, одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за неа. Исто ќе биде и оваа година, велат од партијата.

Никола Димитров е син на Димитар Димитров, министер за образование во првата експертска влада на Никола Кљусев кој секогаш беше дефиниран како еден од бугарофилите во Македонија. Затоа Никола Димитров можеше да си дозволи да игра тврдо во преговориете со Бугарија а да не биде обвинет дека тоа го прави во договор со Белград.

Тоа очигледно и пречеше на таа тодор живковистичка Бугарија и прегу мегафонот на таа политика, Љупчо Нешков беше испратена пораката за смена на Димитров. Потоа преку рексона стратегијата во Македонија таа операција треба да биде и политички авансирана.