Тоа е највредното нешто што може да се дистрибуира во наредната година. Мафијата и другите криминални организации се веќе подготвени за тоа – вели Јирген Сток, генерален секретар на Интерпол

Во сенка на пандемијата на вирусот корона, се одвива паралелна пандемија на криминал, според Интерпол, чиј генерален секретар Јирген Сток очекува дека со почетокот на масовната вакцинација, ќе дојде до драматично зголемување на бројот на кривични дела.

  • Вакцината е течно злато во 2021 година. Тоа е највредното нешто што може да се дистрибуира во наредната година. Мафијата и другите криминални организации се веќе подготвени за тоа. Со дистрибуција на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми – рече Сток за германското списание „Виртшафтсвое“, пренесува Танјуг.

Како што објасни, ќе се зголеми бројот на кражби, кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините.