Ирак денес објави дека издал налог за апсење на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп поради поврзаност со атентатот врз иранскиот генерал Касим Сулеимани и заменик командантот на шиитските сили, Абу Мехди ал-Мохандис, минатата година во Багдад.

Irak izdao nalog za Trampovo hapšenje zbog ubistva Sulejmanija 1

Наредбата ја издаде судија на Истражниот суд во Багдад, кој ја водеше истрагата за нападот со американски беспилотни летала во кој беа убиени генерал Касим Сулејмани и Абу Мехди ал-Мохандис, соопшти канцеларијата на судот за соработка со медиумите. Сулејмани и ал-Мохандис беа убиени во близина на аеродромот во Багдад во јануари минатата година.

Ал-Мухандис беше заменик командант на иранскиот државен паравоен „Народни сили за мобилизација“, -група составена од голем број спремни момци , вклучително и групи поддржани од Иран формирани да се борат против групата Исламска држава.

Сулејмани бил командант на единицата „Кадри“ при иранските чувари на револуцијата, за дејствија надвор од Иран.

Налогот за апсење се однесува на обвинението за убиство со умисла, за што е предвидена смртна казна. Малку е веројатно дека наредбата, која има симболично значење две недели пред истекот на мандатот на Трамп, ќе биде спроведена.

Одлуката за издавање на потерница е „донесена по изјавите на обвинителите на семејството на Абу Мехди ал-Мохандис“, се наведува во соопштението на Врховниот судски совет.

Истрагата за убиствата сè уште трае, изјави судот.