Непријателите би требало да знаат дека било кое кршење или инвазија на иранските територијални води ќе биде сопрено…

Иран лансирал крстаречки ракети како дел од поморската вежба во Оманскиот залив, соопштиле државните медиуми. 

Разните видови ракети земја-земја успешно ги погодиле метите во заливот и во северниот дел на Индискиот океан, се додава во извештајот на државните медиуми, јавува “AP”.

“Непријателите би требало да знаат дека било кое кршење или инвазија на иранските територијални води ќе биде сопрено со крстаречки ракети, како од земја, така и од море”, рекол адмирал Хамзех Али Кавиани, пренесува воениот портпарол.