Иранскиот суд осуди едно лице на 10 години затвор за шпионирање на иранската нуклеарна програма во корист на Израел и Германија.

Друго лице за истото дело добило иста казна од 10 години затвор, но се наведува дека таа шпионирала во корист на Велика Британија.

Портпаролот на судот Голамхусеин Есмаили изјави дека Масуд Мосахеб шпионирал за Мосад и Германија, користејќи ја функцијата генерален секретар на австриско-иранското друштво.

Мосахеб е обвинет за доставување информации за „нуклеарни и ракетни проекти“ до израелските и германските тајни служби.

Говорејќи на државната телевизија, Есмаили рече дека другиот осуденик, Шахрам Ширкани, работел за британската разузнавачка служба.

Ширкани е исто така обвинет дека се обидел да регрутира државен персонал за неговите шпионажни активности.

Иран редовно апси луѓе обвинети за шпионажа, претежно во корист на Израел и Америка.

Минатиот месец Иран изврши смртна казна за поранешен преведувач осуден за шпионажа на иранската војска во за потребите на Америка и Израел, вклучително и помош при пронаоѓање на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој подоцна беше убиен во американскиот напад со беспилотно летало.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *