Американската војска, со учество на курдските „Сириски демократски сили“, извезува нелегално произведена нафта од Сирија на нов начин, пренесува иранската агенција „Фарс“, повикувајќи се на неименуван извор.


Според нив, нафтата се транспортира од нафтеното поле Карачук до магацинот Семалки, каде што преку неодамна изградениот цевковод долж дното на реката Тигар се пренесува на територијата на Ирак.

Наводно, станува збор за стотици барели нафта дневно. „Црното злато“ оди во Ирак секој ден преку цевковод, со дијаметар од 25 сантиметри.

Претходно, разни арапски медиуми ги обвинија Соединетите држави дека се вмешани во грабежот на сириската нафта.