Проститутка од Манчестер беше протерана од нејзиниот стан и заврши на суд откако соседите се пожалија на нејзината „работа од дома“ за време на заклучувањето предизвикано од коронавирус.

Никол Пари (29) имаше „гласни оргии“ со околу 10 мажи одеднаш во нејзината куќа во Вудхаус парк, а клиентите знаеја дека го чекаат својот ред со автомобили пред нејзината куќа.

Пари била вработена во јавна куќа во центарот на Манчестер, но од ноември 2020 година до февруари 2021 година, не можела да работи на своето „работно место“ поради мерките воведени поради пандемијата за корона вирус.

Наместо тоа, таа ги следеше советите на владата да работи од дома и својот дом го претвори во „Куќа на блудот“, каде што таа и другите проститутки практикуваа гласен секс во секое време од денот со отворени прозорци, што ги разбесни нивните соседи.

Случајот заврши на суд, а се вели дека Пари едно утро побарала од комшивката да се грижи за нејзиниот 6-годишен син додека таа се грижи за своите клиенти.

Полицијата мораше да интервенира откако една комшивка водеше дневник за нелегални средби во куќата каде што проститутките се менуваа, а еден од клиентите и пријде додека таа беше во нејзината градина и се распрашуваше за нејзините услуги.

За време на тие месеци интензивна работа, се случи инцидент и Парис беше видена како стои на покривот од својот дом со предупредувачко писмо во рацете и гласно вика: Сите вие ​​сте еб..и кучкини синови! Кој од вас се жалеше за мене? Сега имам писмо! Кој го стори тоа?

Меѓутоа, подоцна била уапсена за инцидентот кога се соблекла гола среде пат за време на сообраќаен метеж, тврдејќи дека „морала да го привлече вниманието на возачот бидејќи бегала од клиент кој ја малтретирал“.

Истрагата започна во ноември минатата година, откако Парис почна да им се жали на соседите за неможноста да работат во бордел поради ковид 19.

Имала неколку разговори со претставник на станарите и била предупредена за несоодветно однесување. Во судскиот извештај се наведува дека имала проблеми и со кокаин, како и дека е во тешка ситуација.

Моментално и е дозволено да контактира со својот малолетен син само еднаш неделно по еден час.

Парис, исто така, ја призна вината дека поседувала кокаин. Таа мора да направи 12 месеци добротворна работа, која вклучува шестмесечна програма за рехабилитација за зависници од дрога.

Таа беше казнета со 80 фунти и треба да плати 180 фунти за судски трошоци.