Возило на Брза помош на Здравствениот дом „Доктор Светозар Чочороски“ во Вевчани вчера попладне е оштетено откако, засега непознати сторители, ги искршиле стаклата.

„Чинот е срамен момент, причинета е материјалната штета. Претпоставувам дека е некој пијан помлад. Пријавено е во МВР“ , вели Јован Стојкоски, директор на Здравствениот дом.

Жителите на Вевчани се згрозени од вандализмот. Велат дека за време на пандемија, кога здравствените работници даваат сè од себе да спасат живот, некој посегнал по возило кое може да им спаси живот.

„Не знаеме, можеби е некој незадоволен пациент но без разлика на сè ваквиот чин е за секаква осуда“, велат жителите.