Постојат сомневања дека серија судири на автопатот во Берлин, во кој неколку лица се повредени, биле напад на исламист, соопштија обвинителите во средата.

Со сите информации со кои сега располагаме, станува збор за исламистички мотивиран напад, изјави портпаролот на јавниот обвинител.

Серија судири се регистрирани на автопатот во близина на Берлин во вторникот вечерта, а еден ден подоцна берлинската полиција открила дека станува збор за терористички напад. Шест лица се повредени откако 30-годишен Ирачанец во опел астра намерно удри во мотоцикли викајќи „Алаху Акбар“.

Тој со автомобил се забил во возилата на автопатот во близина на центарот на Берлин.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека три лица се сериозно повредени, а тројца полесно повредени, вклучувајќи и еден мотоциклист.

Откако направил општа мешаница, терористот запрел и ставил некаква кутија на автомобилот.

Ова е бомба, ако дојдете сите ќе ве кренам кренам во воздух, им се заканувал Ирачанецот на зачудените возачи, пренесува „Билд“.

За среќа, специјалните сили брзо пристигнале на местото на инцидентот, го совладале и го уапсиле човекот и откриле дека во кутијата има обичен алат.

Станува збор за исламистички мотивиран напад, изјави портпаролот на јавниот обвинител.

Но, тој додаде дека има докази дека 30-годишниот осомничен Ирачанец, кој е приведен, страдал од проблеми со менталното здравје.

Делови од автопатот останаа затворени и во текот на денешниот ден!

Обвинителите сега ги испитуваат верските и политичките мотиви на нападот, но сè уште не ја исклучиле психолошката позадина.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *