Германската влада потврди дека потенцијален исламски терорист е вработен во државната канцеларија за миграција и бегалци.

Тоа го објави Министерството за внатрешни работи, додека се води поширока истрага за работата на агенцијата за миграција која ја покрена левичарската парламентарна група во Биндестагот, пренесе хрватски „ Index.hr“.

Бидејќи истрагата за тоа лице е во тек, малку информации се достапни до јавноста.

„Сојузната влада е смесна за конкретниот сомнителен случај во воска со исламистичкиот тероризам“, објави министерството.