Нотингем, Велика Британија.

Се занимава со проституција и вели дека клиентите некогаш ѝ доаѓаат на растојание од само две минути. 

Со оваа работа започнала да се занимава на само 16 години, а денес од тоа заработува 6-цифрена плата. Дури и за време на снимањата, Ели патувала до хотели во Манчестер, бидејќи имала договорено состанок со двајца клиенти.

Со клинетите секогаш се наоѓа во хотели, бидејќи и понатаму живее со родителите и нема намера да се пресели во сопствен стан. Бира хотели во кои вработените нема да забележат со која работа се занимава, бидејќи повеќето хотели тоа не го одобруваат и не сакаат да изнајмат соба.

„Морам да барам хотели кои не користат картички за отворање на вратите, туку да може да се оди директно во лифтот, а потоа во собата. За жал, повеќето користат картички само за да спречат да работиме во нивните соби. Многу сум внимателна, па затоа најмногу бирам хотели кои имаат ‘шпионка’ на вратата, за да можам да го видам клиентот пред да го пуштам во собата“, ја објаснила Ели својата стратегија.

За само 15 минути од своето време, тинејџерката наплаќа 100 долари, а за една вечер заработува и до 2.000 долари. Освен од проституција, Ели заработува и од социјалните мрежи. Има свој „OnlyFans“ профил, на кој ја следат 500.000 корисници и од тоа заработува околу 528.000 месечно.

Понекогаш има неверојатно густ распоред, па клиентите доаѓаат на растојание од само две минути и во една вечер прима и до 21 клиент.

„За првиот клиент сум најсвежа, се разбира. Тогаш фризурата и шминката ми се целосно нови, но откако ќе си замине тој, морам повторно да се дотерам. Понекогаш имам само две минути за тоа, од 2 до 5 минути и во тој период морам брзо да се истуширам и да ја поправам шминката, фризурата и да се пресоблечам. Сè зависи од тоа каков е договорот. Некогаш имам и половина час време помеѓу клиентите“, обаснува Ели, пренесува „The Sun“.