Менталните проблеми на натпреварувачите стануваат се почеста тема во спортот.

Од минатото лето тоа е дополнително нагласено поради потезите на најдобрата гимнастичарка Сајмон Бајлс и тенисерката Наоми Осака, а потоа многумина се охрабрија и ги кажаа своите искуства..

Последниот што тоа го направи беше аргентинскиот тенисер Леонардо Мајер, кој изјави дека тенисот многу го троши менталното здравје.

На многумина тоа им се случува, но не зборуваат сите за тоа. Го гледав документарниот филм на Марди Фиш, кого притисокот во Соединетите држави го тера да ја продолжи традицијата на таа земја во тенисот и колку сето тоа влијае на неговиот живот, а јас во тоа се пронајдов и самиот себе. Многу пати тенисерот мора да биде машина и робот, а ние сме луѓе, започна Мајер.

Мајер додава дека сите тенисери имаат желба за опуштање.

Сакам да се вратам во Аргентина, да јадам сладолед, торта, ние сме нормални. Во тенисот влегуваш во голем меур и огромна брзина на животот. Некои ќе издржат подолго, зависи од личноста. Погледнете го случајот на Федерер, тој има 40 години и не е неверојатен затоа што игра, туку затоа што издржа толку долго, рече Мајер, а потоа го прокоментира водечкото трио во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Секоја година се повеќе се во вртлогот, притисокот е се поголем, а тие продолжуваат. Ги уверувам сите дека Федерер, Ѓоковиќ и Надал се чувствувале лошо, но успеаја да се извлечат, заклучи Мајер и истакна дека Федерер најмногу му се допаѓа со начинот на кој игра, но дека е тешко да се каже кој е најдобар на сите времиња.