Ваков дебакал не се памети во кариерата на Мурињо!

21 годишно момче му го нанесе најголемиот пораз во кариерата! Јунакот на натпреварот има само 21 година, успеа да постигне три гола и да подели исто толку асистенции. Жозе Мурињо го доживеа еден од најтешките порази во својата богата кариера.

Во четвртокот во Норвешка, во рамки на Конференциската лига, на стариот континент, тој со неговата екипа беше гостин кај Бодо Глимт кој успеа да ја совлада Рома со огромни 6:1. До овој четврток најтешкиот пораз за Мурињо беше кога тој седеше на клупата на Реал Мадрид и загуби во шпанското дерби Ел Класико, против Барселона со резлутат 5:0.

Мурињо како да го потцени противникот. Тој натпреварот не го започна со најдобрите играчи, но сепак во составот имаше доста стандардни играчи од првиот тим. Кога на полувремето, Рома замина во сооблекувалните со негатива од 2:1 се вклучи црвеното светло, па во вторите 45 минути Мурињо започна со три нови играчи во составот, за да во 60-та минута направи уште две дополнителни замени.

Во првите 45 минути Рома губеше со резлутат 2:1, а пред 60-та минута негативата се зголеми на 3:1. До крајот Мурињо прими уште три гола и за него ова преставува голема бламажа.

Јунакот на натпреварот е Ерик Ботхеим, напаѓач кој има само 21 година. Тој постигна три гола, а успеа да направи исто толку асистенции. Исиот играч неодамна играше против репрезентацијата до 21 година на Хрватска во Вараждин и никого не го импресионираше на тој натпревар.

Одлуката да се игра со овој состав беше моја, така што и вината е моја, изјави по тешкиот пораз Протугалецот, и додаде-никогаш не го криев фактот колку овие момци се лимитирани, имаме 13 играчи кои играат на потребно ниво, додека сите останати се на друго ниво, единствено позитивно од ова е тоа што повеќе никој нема да ме прашува зошто секогаш започнувам со истата постава, изјави Мурињо.