Израелскиот противвоздушен систем Железна купола собори беспилотно летало на израелската армија за време на конфликтот во Газа.

За време на израелско-палестинскиот конфликт, илјадници ракети беа истрелани преку границата од двете страни, а железната купола ги собори повеќето од оние кои летаа кон израелските градови. Сепак, во еден момент, тој систем за противвоздушна одбрана се збуни и го собори дронот на израелските сили, пишува Харец.

Тоа го покренува прашањето, наведува израелскиот весник, дали израелската армија е во состојба да учествува во подолг конфликт без да им наштети на сопствените сили.

Железната купола го собори дронот Скајларк, кој израелската војска го користи за следење и собирање информации.

Портпарол на израелската армија ја потврди информацијата и рече дека истрагата е во тек.

За време на конфликтот во Газа, Израел беше во можност да го задржи својот воздушен простор отворен за патнички авиони благодарение на фактот дека железната купола може да разликува непријателски ракети и неопасни авиони, но соборувањето на израелскиот Скајларк го доведува тоа во прашање.