Научниците се посветија на прашањето за привлечноста на женските гради и спроведоа истражување кое утврди какви гради се најпривлечни за мажите.

Во студијата биле вклучени 267 мажи од Бразил, Камерун, Чешка и Намибија, на кои им биле прикажани фотографии на кои се гледаат гради со различна големина и форма.

Судејќи според резултатите, во Бразил, Чешка и Намибија, мажите ги сметаат средните гради за најатрактивни, додека Камерунците претпочитаат големи гради.

„Низ различните култури, постои една постојана состојба кога станува збор за градите, а тоа е фактот дека мажите претпочитаат цврсти гради кои се типични за млади жени. Од друга страна, постојат големи варијации во тоа која големина на градите им се допаѓа. Во повеќето тестирани земји, мажите претпочитаат средни гради “, вели Јан Хавлишек од Прага, кој го водеше истражувањето.