Во Италија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 40.000 новозаразени од Ковид-19, а бројот на починати е 550.

Од владиното тело кое ја следи епидемилошката ситуација, таканаречениот научно-технички комитет, порачуваат дека “благо опаднала преносливоста на заразата, но дека е рано да се каже дека тоа е последица од новите владини мерки”, пренесуваат италијанските медиуми. 

Министерот за здравство, Роберто Сперанца, оценува дека станува збор за “добар сигнал но дека не чекаат месеци на ограничување”, пишува “Ansa”.