Српскиот напаѓач Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал и да се пресели во Интер, кој е заинтересиран за неговите услуги, тврди сигурниот Газета дело Спорт.

Јовиќ е на насловната страница на престижниот весник, заедно со играчот од средниот ред на Каљари, Нахитан Нандес и јасна порака: Два подарока на бис.

Се очекува нероазурите да го купат или позајмат српскиот напаѓач во јануари, кogo Газета го опишува силен, искусен, решителен и не премногу скап играч.

Засега не е познато дали тоа ќе биде шестмесечна позајмица, со право на откуп или непосреден трансфер.

Само е јасно дека менаџментот од Џузепе Меаца тргнаа по Јовиќ, по неуспешниот обид да го ангажираат Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Играчот од Бјелина (23) не успеа да се избори за место во Кралскиот клуб, каде пристигна летото 2019 година за 60 милиони евра од Ајнтрахт.

Досега Јовиќ одигра вкупно 38 натпревари, најчесто влегувајќи од клупата, во кои постигна два гола и имаше три асистенции.

Вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Франкфурт, а од почетокот на оваа сезона помина вкупно 84 минути на теренот во дресот на Реал. Јасно е дека ќе мора да бара нова средина во која би добил поголема шанса.

Дали Интер е правото место ?