Ивајло Дичев е професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија. Предава и во Франција и Америка. Син е на бугарскиот писател Стефан Дичев и на сликарката Лилјана Дичева. Редовно пишува колумни за Дојче Веле на бугарски јазик. И се доживува како зрно светлина во бугарската јавност кој зрачи со разумност и рационалност во врски со македонско-бугарските односи. Во својата посладна колумна, во Дојче веле, меѓу другото, тој пишува:

Големиот удар, што ВМРО му го нанесе на нашиот национален интерес беше ветото врз Северна Македонија (но тоа не било вето, тоа било виткање на раката или нешто во тој стил како што кажуваат од таа партија ) Во очајничкиот обид да си повратат некој процент на изборите, овие луѓе ги уништија соништата на генерациите Бугари да ја отстранат оваа југозападна граница и да живееме во еден заеднички политички простор со своите браќа од другата страна, вели тој и додава:

Што ние сакаме од нив? Тоа никој не го разбира. Ние го признаваме нивниот идентитет, ама тие да не си го нарекуваат јазикот македонски. Ние инсистираме дека историјата е збир на факти, а во исто време сакаме тие да признаат дека окупацијата на нивната територија во 1940-тите години на минатиот век не беше „фашистичка“, туку „ослободување“ – односно да прифатат одредена интерпретација на тие факти. Но врвот на се е обвинувањето дека македонците не се декомунизирале, дека имале „тоталитарен историски наратив“. Тоа го тврди една влада во која вицепремиерот е историчар и агент на државната безбедност со псевдиним Иван.

Се слушнаа многу толкувања, дека овие наши убавци можеби исполнуваат некоја странска нарачка-дали од Москва, од Белград, или од Париз ( кој е против брзо проширување на ЕУ ). Јас си мислам дека е многу попросто. Ако нашиот проблем со македонците се реши, ќе исчезне самата причина за постоењето на оваа „внатрешна македонска организација“ – и наша и на соседите. Колку подолго трае „револуционерната“ борба, толку подолго ќе постојат и двете, заклучува тој.