Прославениот хрварски тенисер Горан Иванишевиќ е воодушевен од доаѓањето на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ во Хрватска, поточно во Задар, но има нешто што го иритира.

Тој пред почетокот на турнирот „ Адрија Тур“ во Задар се запраша дали во Хрватска се свесни од значењето на посетата на Ѓоковиќ.

Дали Хрватска и хрватскиот туризам се свесни колку Новак Ѓоковиќ работи за нив? Тоа е вистинското прашање, а тоа ќе го видиме кога ќе заврши овој турнир. Сакам да му се заблагодарам на него и цело негово семејство што ни помогнаа да го организираме овој турнир, изјави Иванишевиќ за „Спорт клуб“.

Тој смета дека реакцијата на Новак кога заплака после турнирот во Белград е природна.

-Новак Ѓоковиќ после Белград покажа дека е голем човек и сега е подготвен за турнирот. На САД Опен и на целиот свет му испративме порака дека се е возможно, заврши поранешниот хрватски тенисер и сегашен тренер на Србинот.


Напишете коментар