За некои злосторства, не треба да има сочувство, туку треба да има жестока осуда.

Во синоќешното популарно шоу на Пинк Телевизија гостуваше претседателот на народното собрание на Србија, Ивица Дачиќ и го искажа своето мислење за познатата „школа“ за глума на Мика Алексиќ.

Важно е што тоа наиде на општествена осуда, а такви настани има многу и на светско ниво во последниве години. Жртвите на силување секогаш имале страв да се пожалат некому, да поднесат кривични пријави и честопати наидуваат на недоразбирање и ќе си направат уште поголема штета, рече Дачиќ и додаде:

Тоа заслужува поддршка. Казнената политика треба да биде многу построга, дури и до степен на кастрација. Повеќето силувачи се повратници и тоа е дегенерирана човечка природа. Секој од нас, кога има таков случај, кога станува збор за најблиските, ви доаѓа да реагирате физички. Додека бев министер, некои од ваквите случаи завршуваа дури и со убиства, вели тој.

За некои злосторства, не треба да има сочувство, вели Дачиќ, но треба да има осуда. Тоа е злоупотреба на моќта и е присутна во сите професии – беше јасен тој. На крајот од дискусијата, Дачиќ додаде дека во вакви емисии не треба да се разговара за тешки теми, но дека тој сакал да го каже својот став за тоа болно прашање.

Инаку Србија ја тресе голема афера дека учителот по глума Мика Алексиќ има силувано или сексуално вознемирувано повеќе млади девојки кои доаѓале во неговата школа за глума. Против него е отворен случај од српското јавно обвинителство и се терети за дури осум силување во периодот од 2008 до 2020 година.