Од извори во политичките партии, како и од добро информирани кругови во дипломатските претставништва во Скопје, Во Центар дознава дека предвремените парламентарни избори може да се одржат на 12 јули.

Дипломатите прават напори да ги доближат ставовите на двете големи македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски инсистира на избори по 12 јули, а Заев инсистира на избори пред 12 јули. Така што терминот 12 јули се посочува како прифатливо и компромисно решение за двете партии и двајцата лидери.

Прашање е како тоа технички ќе се изведе, односно дали Претседателот Стево Пендаровски ќе мора да прогласи уште едно продолжување на вонредната состојба за да биде запазена уставната и законска форма за одржување избори на 12 јули.

Инаку Македонија веќе има искуство со јулски избори, во 2006 година кога Никола Груевски доаѓа на власт, изборите беа организирани на 5 јули. Денес хрватскиот Претседател Зоран Милановиќ објави дека избори ќе се одржат на 5 јули.

Ако има избори на 12 јули тоа значи дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се откажат од своите рововски позиции, избори да има на 21 јуни како што истакна Зоран Заев, односно избори да има најрано на крајот на август како што посакуваше Христијан Мицкоски.


Напишете коментар