И покрај тоа што имало решение за изолација, лице од Штип позитивно на КОВИД-19 излегло за да гласа на вонредните локални избори.

Тој како што вели немал симптоми повеќе , и со консултација со докторот испаднал да гласа.

Инцидентот се случил на гласачкото место во градот по што бил побаран прекин на гласањето, но набљудувачот на Државната изборна комисија не дозволил.

Гласањето продолжило по краткиот инцидент за кој што е известена ДИК .