На својата втора седница, членовите на Владата ги прифатија измените и дополнувањата на Деловникот за работа на Владата. Една од измените се однесува на прецизирање на надлежностите на првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, функција која ќе извршува Артан Груби од ДУИ.

-Предвидено е, Претседателот на Владата да го заменува Првиот заменик на Претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш Претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи, се наведува во соопштението од Владата.

Според дополнувањата, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *