За многумина од нас, носењето маски стана сосема нормално со оглед на ситуацијата во која се наоѓа светот, меѓутоа има и такви кои му се спротивставуваат на оваа правило.

Сепак, Американецот Ален Пан измисли генијален начин да се погрижи секој да има маска со тоа што измисли пиштол што пука маски на лицата на луѓето.

– Го решив проблемот што САД го имаат со пандемијата со правење пиштол – се пофали тој во видеото кое стана вирален хит, пишува LADBible.

Ален Пан, чиј канал на YouTube „Sufficiently Advanced“ има 1,3 милиони претплатници, објави видео на кое се гледа како работи неговиот изум, истакнувајќи дека голем број Американци не носат маски и покрај пандемијата.

– Луѓето не носат маски, а треба. И што би требало да направиме за тоа? Што треба да направам за тоа – се запраша и посочи дека има многу видеа кои зборуваат зошто е неопходно да се носат маски, но тој решил да се сврти кон нешто за што повеќето Американци се многу страсни – Вториот амандман на Уставот на САД.ж


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *