Тренерот на Барселона, Роналд Куман сака по секоја цена да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Најновите информации се дека Барселона ќе се засили со дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи.

Мустафи не е во плановите на Артета и оваа сезона одигра само 8 меча, а на лето му завршува договорот.