Денес во Израел се затворени последните два одделенија за пациенти со КОВИД-19, објави Ynet News.

Инциденцата во земјата нагло се намали со спроведувањето на интензивната кампања за вакцинација. Така, специјализираните одделенија останаа речиси без пациенти.

Медицинскиот центар Гилел Јафе во Хадера и Медицинскиот центар Барух Паде во Тиверија беа единствените оддели за КОВИД во земјата што сè уште работат. Денес беа затворени и пациентите беа префрлени во болнички одделенија.

Во декември, земјата започна активна национална кампања за вакцинација и повеќе од половина од населението веќе е имунизирано.


One thought on “Израел стави клуч на врата на сите ковид одделенија: Нема веќе пациенти”

Comments are closed.