Поранешниот шеф на вселенската дивизија на израелската армија, Хаим Есхед, тврди дека Тел Авив и Вашингтон контактирале со „галактичката федерација“ на вонземјани и дека заедно спровеле експерименти врз луѓе, но дека човештвото сè уште не е подготвено за „вистината“ за животот во вселената.

Пензионираниот генерал Хаим Есхед (87), кој беше скоро три децении началник на вселенската единица на Министерството за одбрана на Израел, тврди дека постои „сојуз на вонземјани“.

„Вонземјаните бараа да не биде објавено дека се тука, бидејќи човештвото сè уште не е подготвено“, изјави Ешед за израелскиот весник „Џудиот Ахронот“.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп бил на чекор да открие, но вонземјаните во Галактичката федерација го спречиле тоа со пораката: „Почекајте, прво да ги оставиме духовите да се смират. Тие не сакаат да имаме масовна хистерија”.

“Тие сакаат прво да не направат разумни. Чекаа до денес човештвото да евалуира и да стигне до фаза во која ќе разбереме што се космосот и вселенски бродови“, додаде тој.

Иако остана нејасно што точно се смени за да се спречи наводната „масовна хистерија“ на која вонземјаните предупредуваат, Есхед очигледно почувствува дека е дојдено време, додавајќи дека тој не само што комуницирал со вонземјаните, туку дека тие одржуваат „подземна база во длабочините на Марс“.

Во своето неверојатно тврдење, Есхед рече дека американската влада постигнала експлицитен „договор“ со посетителите од вселената, пренесува РТ.

“Тие потпишаа договор со нас да експериментираме заедно овде“, рече тој, без да понуди детали за условите на наводниот меѓупланетарен договор или за природата на експериментот.

Поранешниот генерал додаде дека вонземјаните само „истражуваат“ и се обидуваат да го вклучат човештвото меѓу „помагачите“ во нивната потрага за „разбирање на правилата на универзумот“. Тој тврди дека, барем засега, нема причина да се плашиме од инвазија на непријателска сила, и покрај експериментите извршени врз луѓе.

Есхед призна дека неговите тврдења, кои ги понуди без докази, може да изгледаат невообичаени, но рече дека верува дека човештвото постепено ќе ги прифати како вистина, под претпоставка дека некои луѓе можеби веќе ја „виделе светлината“.

“Да го кажев ова пред пет години, ќе бев хоспитализиран. Ќе речеа дека сум луд. Денес веќе зборуваат поинаку. Нема што да изгубам. Добив дипломи и награди, ме почитуваат на универзитетите во странство каде што трендот исто така се менува“,
рече генералот.