САД заостанува позади Русија кога е во прашање во освојување на ресурсите на Артикот, изјави поранешниот службеник во Министерството за финансии на САД, Томас Данс за весникот Хил.

Според неговите зборови, инвестициите на руската влада и енергетските компании во развојот на артичкиот регион многу брзо растат, што на Москва тоа може да им донесе огромен профит во наредните години.

За подршка на тие операции, Русија располага со флота од преку 50 конвенционални и нуклеаени ледо-кршачи, додека Соединетите држави имаат само два. По победата во студената војна, сега губеме во ледената војна, изјави Данс, кој е и поранешен член на Комисијата за проучување на северниот регион.

Данс се пожали на фактот што Белата куќа недоволно го финансира развојот на Артикот и неговата инфраструктура, а исто така додаде и за супериорноста на руската флота која е неколку пати пред американската по бројот на нуклеарни ледо-кршачи.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, предходно изјави дека Артикот е територија на мирот, стабилноста и конструктивноста во соработката. Тој истакна дека развојот во тој регион може да оди напред само со соработка на државите.

Русија во 2020 година објави дека планира да потроши 300 милијарди долари во напредок на артичката инфраструктура.

Како потсетување, денес право на користење на територијата на Артикот имаат државите кои излегуваат на Северно ледениот океан, односно Русија, Норвешка, Канада, Данска која владее со територијата на Грендланд, како и САД преку Аљаска, а тие своевремено таа територија ја купија од токму од царска Русија. Овие држави во 1920 година потпишаа договор за користење на Артикот, а својата граница прва ја одреди Канада која и веднаш започна со нафтени истражувања.

Проблемот со одредување на останатите граници се обидоа да го решат Обединетите нации уште во 1982 година со донесување на конвенција за морските права, која не беше потпишана од страна на САД. Според таа конвенција, одлука беше донесена врз основа на составот на површината на морското дно, која би требало да биде иста како и површината на обработено земјиште на копното.