Во 40-минутниот напад врз мрежата тунели на Хамас во Газа, Израел уништи километри тунели и се верува дека биле убиени десетици борци на Хамас. Токму оваа акција, се надеваат во Израел, може да биде решавачката фаза на жестокиот конфликт што трае веќе пет дена.

Синоќешното бомбардирање на Газа беше најголемиот израелски напад од интензивирањето на конфликтот во понеделникот. 

На нападот, според израелската телевизија Канал 12, му претходела намерна измама во која израелските вооружени сили објавиле дека започнале копнена офанзива, што го натерало Хамас да ги испрати своите борци, вклучително и командантите, во тунелите. Кога израелските воздушни сили ги бомбардираа, тунелите се срушија врз оние што беа внатре, соопшти телевизијата. 

Околу 160 авиони на израелското воено воздухопловство беа насочени кон тунелите, мрежа што се протега десетици километри во северна Газа и околу градот Газа. Фрлени се вкупно 450 бомби со 80 тони експлозив, се вели во ТВ-извештајот.

Нејасно е колку оперативци на Хамас биле убиени, се вели во извештајот. Хамас можеби дури и самите не знаат колку нивни луѓе се убени. Во него се вели дека се верува дека многу команданти на Хамас биле во тунелите.

Командантот на воздухопловната база Неватим на ИАФ, Омер Тишлер вели дека ваквите активност, штетни за непријателот, веројатно ќе го натераат непријателот да запре.

Во секој случај, ние ќе продолжиме се додека е потребно, додаде тој.

Оружјето на Хамас се наоѓало во тунелите, вклучително и ракетните фрлачи, според израелските медиуми.

Тие исто така додаваат дека борците на Хамас од тунелите планирале да ги фатат во заседа израелските војници и да ги убиваат или заробат, како што беше случај во некои претходни судири.