Маж на Нов Зеланд ја пресекол оградата и побегнал од самоизолација само за да купи алкохол, потврди владата на оваа земја.

Станува збор за маж на 50-годишна возраст кој пресекол орада од 1,8 метри за да се пробие низ привремениот карантин во Хамилтон и да купи алкохол во локална продавница. Полицијата веднаш го обезбедила просторот околу продавницата затоа што било проценето дека истата претставува опасност за ширење на зараза.

Инаку, ова е третото лице кое бега од карантински хотел на Нов Зеланд.

Во средата 30-годишно лице исто така побегна за да пазари во суперммаркет. Подоцнежните тестови покажале дека е позитивен на вирусот.

Претходно, една жена ја прескокнала оградата и излегла на прошетка, но набрзо потоа се изгубила и побарала помош од полицијата да ѝ го покажат патот да се врати во хотелот каде што требало да биде во изолација.

Вкупниот број на потврдени случаи во Нов Зеланд досега изнесува нешто помалку од 1,200 заразени.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *