Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.

„Дејли меил“ наведува дека Трамп бил номиниран само неколку недели откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп беше номиниран од норвешкиот пратеник Кристијан , кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавањето на конфликтите во светот.

Тој оцени дека Трамп направи повеќе за да постигне мир меѓу државите отколку повеќето други кандидати за наградата за мир.

„Мислам дека тој направи многу повеќе за да создаде мир меѓу народите отколку многу други претходни добитници на награди“, рече тој за „Фокс њуз“.