САД– TC Chandler и независните критичари секоја година прават листа на топ 100 најубави лица.

Листата првпат беше составена во 1990 година и многумина сметаат дека оваа листа има најголем диверзитет, поради што е многу популарна.

За 2020 година, титулата за најубава личност ја презеде израелскиот модел Јаел Шелбиа, која има 19 години и моментално отслужува воен рок во редовите на израелските воздухопловни сили. Таа е позната манекенка, лице од козметичките кампањи на Ким Кардашијан и на Кајли Џенер. Изминативе две години за влакно и бегаше ласкавата титула

Со порцеланскиот тен, сините очи и ставата потсетува на Софија Лорен и на Анџелина Џоли. Во врска е со милионерот Брендон Корф, 16 години постар од неа.