Д-р Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергија и инфективни болести, кој е исто така член на работната група на Белата куќа за вирусот корона, предупреди дека „јануари ќе биде страшен и ужасен“, што ќе се должи главно резултат на семејни собири за време на празниците.

„Мислам дека јануари ќе биде ужасен бидејќи ќе имаме голем талас од Божиќ и Денот на благодарноста“, рече Фаучи за време на интервјуто за „Њузвик“. „Значи, сосема е можно јануари да биде најлош“.

Тој рече дека помеѓу две и три недели од почетокот на патувањето поради Денот на благодарноста, ќе се забележат врвовите, односно пиковите, и додаде дека не се сомнева дека бројот на хоспитализирани и починати ќе се зголеми во текот на следните недели.

„Мразам што морам да го кажувам тоа, но тоа е вистината и реалноста“, рече Фаучи.

Предупредувањата на Фаучи доаѓаат откако Соединетите Држави ги соборија рекордите на коронавирусот во поголемиот дел од неделата. Најновите податоци покажуваат дека САД во четвртокот забележале максимален дневен број на нови случаи и хоспитализации.

Околу 19 442 лица биле префрлени во единиците за интензивна нега, а други 6.867 Американци биле ставени на респиратор.

Во САД, Калифорнија е сè уште држава со најголем дневен број на документирани случаи на ковид-19. Во четвртокот се евидентирани 21.368 нови случаи. Тексас, Пенсилванија, Илиноис и Флорида стојат зад тоа според бројот на заразени лица.

Гувернерот на Калифорнија во четвртокот издаде наредба да се остане дома, со надеж дека со мерката ќе спречи ширење на инфекцијата и ќе им помогне на државните болници, кои се сè поблиску до пополнување на нивните капацитети.