101 заболен и 4 жртви од Корона вирусот само вчера. Тоа е тажниот биланс што никого не остави рамнодушен. Секако, освен функционерите од владата на СДСМ, кажа генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев на денешната прес конференција.

Паниката која владее на “Илинденска” е толку очигледна, а решенија за овој хаос нема, буквално, ни за лек. Граѓаните се во паника, а тие повторно зборуваат за избори! Наместо ситуацијата да се смирува, напротив, се случува нов бран на заболени, а Филипче освен безобразно да кажува дека ситуацијата е под контрола, ништо друго не знае и не може да направи, рече Јанушев.

Правеа се за да создадат атмосфера за избори, упорно сакаа да ја релаксираат ситуацијата и мислеа дека тоа глатко ќе им помине. Но, резултатот го гледаме. Повторно огромен број на заболени, повторно строги мерки за празничниот викенд.

Зошто граѓаните мора да ја плаќаат цената за вашата неспособност?
Филипче, од тебе бараме одговорност за овој хаос!
Одважете се пред граѓаните, признајте дека многу погрешивте, порача Јанушев.


Напишете коментар