Кинески експерти за порталот Baijiahao подготвија материјал во кој ја разгледуваат хипотетичката можност за воен конфликт меѓу Русија и Јапонија.

Како што велат, тоа е последната, но сепак можна опција, бидејќи односите меѓу двете земји се влошија откако Јапонија доби нов премиер.

Во написот се наведува дека Русија во конфликтот би можела да го искористи новиот борбен систем Сармат, кој на Запад е познат како Сатана 2.

Досегот на летот на ракетите на тој систем е 16.000 километри. Руските интерконтинентални балистички ракети имаат застрашувачка моќ, пишува кинескиот портал.

Авторите на написот со четири збора ги опишале последиците од „рускиот напад на јапонска територија“: Јапонија ќе заврши под вода.

Тие додаваат дека Токио не треба да смета на помошта на американскиот систем за противракетна одбрана.

Претходно новиот премиер на Јапонија Фумио Кишида изјави дека суверенитетот на Токио се протега на јужните Курилски Острови.

Во таа насока, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија не се согласува со изјавата на новиот јапонски премиер Фумио Кишида за темата Курилските острови, бидејќи тие острови се територија на Руската Федерација.

Во спорот за Курилските острови, Јапонија има право на островите Кунашир, Шикотан, Итуруп и Хабомаи, повикувајќи се на билатералниот Договор за трговија и граници од 1855 година.

Токио го постави враќањето на тие острови како услов за склучување на мировен договор со Руската Федерација, кој не беше потпишан по Втората светска војна.