Две јапонки влегоаа во Гинисовата книга на рекорди како најстари живи еднојајчени близначки во светот, со повеќе од 107 години и 300 дена.

Умено Сумиама и Коуме Одама, го срушија рекордот кои го имаа поставено веќе починатите нивни сонароднички Кин Нарита и Гин Кание.

На денот на почитувањето кон возрасните, кој е државен празник во Јапонија, близначките официјално станаа носители на новиот рекорд.

Поради моменталната ситуација со пандемијата од корона вирусот, како и мерките на претпазливост, на сестрите кои живеат на две различни страни во Јапонија им беа испратени официјални потврди сека се носителки на рекордот.