СИТЕ ТАЈНИ НА ЈОВАНКА БРОЗ, е можниот наслов на новата серија која ќе се снима за некогашната прва дама на титова Југославија. Серијата ќе ја открие нејзината улога во историјата на земјата што некогаш се нарекуваше Југославија!

Веста дека ќе се снима серија што ќе го следи животот на Јованка Будисављевиќ Броз, сопругата на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, предизвика голем интерес за Хрватска и пошироко.

Серијата е во подготовка на продуцентската компанија Адреналин, а сценариото е напишано од Милана Влаовиќ Ковачек, пишува хрватскиот дневен лист “Вечерњи лист”.

Изборот на актери ќе започне во септември.

Извршниот продуцент на серијата, Теа Королија, рече дека серијата „Јованка“ ќе ја следи приказната за главната хероина од човечки аспект.

Серијалот ќе биде ко-продукција од повеќе земји, поради што треба да се снима во Хрватска и Србија, но и во Русија и Египет. Кои актери ќе ги глумат Јованка и Тито, ќе се знае по пробите, а актерите ќе ги бараат во Словенија, Хрватска и Србија.

Изборот на глумците ќе го правиме во сите држави што порано ја сочинуваа Југославија – рече Королија.

Снимањето на сериите ќе започне во 2021 година, а планирани се две сезони од шест епизоди.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *