Југословенската репрезентација во кошарка, доколку таа земја сè уште постоеше, ќе ја победи селекцијата на САД, тврди шпанската Марка.

Оваа тема е отворена неколку пати и љубителите на кошарката секогаш се прашуваат „што би се случило кога би се случило“.

Во текстот на едно од најдобрите светски спортски списанија, како и во анкета на веб-страницата на весникот, се верува дека тимот предводен од Никола Јокиќ би сеел страв на меѓународната сцена и би го довел во прашање владеењето на Соединетите држави.

Според новинарите на Марка, репрезентацијата на Југославија би се состоела од:

Милош Теодосиќ (Србија), Горан Драгиќ (Словенија), Василије Мичиќ (Србија), Богдан Богдановиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија), Бојан Богдановиќ (Хрватска), Немања Бјелица (Србија), Никола Јокиќ (Србија), Никола Вучевиќ (Црна Гора), Јусуф Нуркиќ (БиХ), Дарио Шариќ (Хрватска) и Никола Милутинов (Србија).

Силна екипа нема што!?