Една од најголемите музички sвезди која пред 30 години жареше и палеше во поранешна Југославија, пејачката Тајчи, сè уште изгледа неодоливо.

Хитови како што се: Ајде да лудуваме, Моето малечко е опасно, Немаш право на мене, останаа големи хитови иако помина толку време.

Татјана Камерун, добро познатата Тајчи, беше sвезда која ја имитираа многу девојки кои пораснаа со нејзината музика.

Нејзиниот стил потсетуваше на Мерлин Монро, таа секогаш настапуваше со кореографија и со тоа беше пред нејзиното време.

Таа ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1990 година со нејзиниот најголем хит Ајде да лудуваме.

По војната, пејачката се повлече од музичката сцена и се пресели во Америка на школување. Таму ја запозна љубовта на нејзиниот живот, пијанист и композитор Метју Камерун. Нејзиниот сопруг почина пред три години.

Минатата година Тајчи одлучи да напише автобиографија. Таа ќе открие сè низ што поминала кога била голема ѕвезда на Југославија кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Ќе пишува за депресии, животни проблеми, но и за тоа како надминала сè.

Сега живее во Америка со своите три сина. Таа сè уште изгледа фантастично, иако влезе во шестата деценија од животот.